ЗАЕДНИЦА НА ГРАЃАНИ РУСКИ СОНАРОДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА „МР – МОСТ“
ОСНОВНИ ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗАЕДНИЦАТА
- Изразување, зачувување и развој на самобитноста на граѓаните руски сонародници коиживеат во Република Македонија;
- Поддржување и развиток на нивниот духовен и интелектуален потенцијал, јазик и култура;
- Воспоставување на сестрани врски со граѓаните руски сонародници кои живеат во соседните земји, Руската федерација и други земји;
- Придонес за развој на малиот и средниот бизнис;
- Остварување на граѓанските права и интереси на руските сонародници кои живеат во Република Македонија;
- Прибирање солидарна помош и давање хуманитарна поддршка на социјално загрозените членови на Заедницата и граѓаните на Република Македонија;
Основачкото собранието на заедницата е одржано на 15 мај 2004 година, во Домот на АРМ во Скопје.
Претседател на иницијативниот одбор за формирање на заедницата, и прв претседател на заедницата е Проф. Андреј Георгиевич Токарев, д.и.а.
Прв претседател на собранието на заедницата е Павел Михаилович Шљахов.
Органи на Заедницата се:
1. Собрание
2. Извршен одбор
3. Надзорен одбор